Информациии


Општински натпревар по физика

На Општинскиот натпревар по физика за учениците од средните училишта, што се одржа на 10.2.2023г., нашите ученици од I-8 и I-2: Елеонора Илиоска, Сара Павлоска и Марко Костадиноски, под менторство на професорот Сашо Кочоски, освоија III награда. Честитки и успеси!🏆


Регионален натпревар по математика

На Регионалниот натпревар по математика за учениците од средните училишта, што се одржа на 4.3.2023г., нашата ученичката од I-8 клас Елеонора Илиоска, под менторство на професорката Валентина Темелкоска, освои III награда. Честитки и успеси! 🏆


Провери го изворот пред да споделиш нешто

Во периодот од 6ти до 10ти февруари во Кавала, Грција се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто”. Покрај нашето училиште на средбата имаше претставници од училиштата партнери од Италија, Турција, Грција и Романија. Од нашето училиште на мобилноста учество зедоа две професорки и седум ученици, кои имаа можност […]


Твоја Европа Твој Глас

На 10.02.2023 нашето училиште го посети претставникот на Европската комисија Sibian Ionuţ, кој одржа презентацијата а потоа имаше и кратка дебата со присутните ученици поврзана со младинското учество во демократските процеси. Целта на посетата беше подетално да ги запознае учениците што ќе учествуваат на настанот “Твоја Европа Твој Глас”, 2023 со темата и да им […]


Општински натпревар по математика

На 4.2.2023 г. беше одржан Општинскиот натпревар по математика за учениците од средните училишта. Нашата ученичка Елеонора Илиоска од I-8 клас освои Втора награда, под менторство на професорката Валентина Темелкоска. На Елеонора ѝ честитаме за наградата и ѝ посакуваме успех на регионалниот натпревар.


Витаминка донираше опрема за фармацевтската лабораторија

Нашето училиште за потребите на училишната лабораторија доби донација од Витаминка. Станува збор за нова и за користена но функционална лабораториска опрема на која што учениците ќе може да учат но и да изведуваат потребни експерименти соодветно наставниот план. „Донацијата се состои од: микроскоп и аналитичка вага, различни лабораториски садови, реагенси за изведување на лабораториски […]


ДРАМСКА ВЕЧЕР НА „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“

– Драмска секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп На нашата традиционална Драмска вечер одржана на 12.12.2022г. во салата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“  публиката имаше можност да се соочи со ситуација која е еднакво актуелна, колку што е и древна, откако постои светот и векот. Насловот ,,Грабители” се однесува на човечката ненаситност во сите слоеви на […]


14 Ноември – светски ден на дијабетес

По повод 14 ноември, светскиот ден на Дијабетот учениците од здравствената струка-медицинска сестра во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, реализираа активност контролно мерење на гликемија на персоналот и пациентите…Водени од нашето мото ДЕНЕС УЧЕНИК – УТРЕ СТРУЧЊАК сите заедно имаме заедничка цел ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ.


Општински шампионки и во ракомет

Честитки за девојките Денес во спортската сала при СОУ Р. Р. РИЧКО ПРИЛЕП беше одигран финалниот натпревар во РАКОМЕТ ЗА СРЕДНИ училишта за ЖЕНСКИ. Победник а воедно и претставник за ЗОНСКИТЕ натпревари е екипата на СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП.