Проектни искуства и машини за текстилно-кожарската струка


Со онлајн средба завршија активностите од RYCO проектот ,,Threads of traditions that connect us”. Проектот беше посебен затоа што за првпат сите работилници , состаноци, средби беа оналјн. Пофалба и благодарност за нашите ученици Ангелче, Азбије, Антонио, Вики, Ива, Марте, Сандре, Сенем, кои рачно везеа, цртаа, следеа работа на врвни експерти од областа на модата, дизајнот, уметнoста. Крајот се украси со виртуелна модна ревија со модели кои содржат стилизирани елементи од народни носии и заеднички филм на училиштата од Србија, Албанија и нашето Соу Ѓорче Петров. За целите на проектот нашето училиште, т.е текстилно-кожарската струка доби две обични преносливи машини и една пренослива оверлок машина кои понатаму ќе бидат искористени за демонстрација, везење, шиење .http://flowfashionshow.rs/index.php/albanski-model-a/https://www.youtube.com/watch?v=U55rI2znmxs

https://www.youtube.com/watch?v=U55rI2znmxs


Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.