Повик за учество во Erаsmus+ проект – „Провери го изворот пред да споделиш нешто”


Нашето училиште е добитник на грант за проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто” (“Testify the resource before sharing a post”) финансиран од страна на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус+ на Европската комисија, клучна акција 2 (229 – Стратешки партнерства во училишно образование).
Целта на проектот е да се подигне свеста кај учениците за безбедно и правилно користење на социјалните медиуми. Учениците да станат свесни за зависноста што социјалните медиуми ја создаваат како и за штетноста што тие ја имаат врз нивниот живот, но исто така и за опасностите што тие ги предизвикуваат. Истовремено проектот има за цел да ги поттикне учениците повеќе да ги користат медиумите за образовни цели.
Проектот ќе се реализира во партнерство со училишта од вкупно 5 земји:

1. СОУ Ѓорче Петров, Прилеп,

2. Iis Luigi Di Savoia,Чиети, Италија

3. Ozel Oguzhan Ozkaya Fen Lisesi, Измир, Турција,

4. 3rd General Lyceum of Kavala, Кавала, Грција

5. Liceul Teoretic German Johann Ettinger, Сату Маре, Романија.

Предвидено е да се реализираат активности за учење со ученици во секоја земја поединечно. Времетраењето на проектот е две години (2020-2022).

За таа цел СОУ „Ѓорче Петров“, објавува Повик за учество на ученици и наставници во Erаsmus+ проектот – „Провери го изворот пред да споделиш нешто”
Сите заинтересирани ученици и наставници да се пријават на следната адреса:
gpproekti@gmail.com
при што ќе им биде испратен апликациски формулар.
Краен рок за поднесување на сите документи е 28.03.2021
Заинтересираните ученици треба да ги достават следните документи:

  1. Пополнета апликација
  2. Кратка биографија (CV) Еуропас формат
  3. Мотивационо писмо
    Селекцијата ќе ја изврши комисија за рангирање врз основа на одговорите и критериумите за учество во проектите од програмата Еразмус+  КА229 – Стратешки партнерства за училишни размени . Од пријавените ученици ќе се одберат по 25 ученици коишто ќе бидат дел од проектните тимови за целото времетраење на проектот. Сите останати што нема да бидат селектирани ќе можат да се вклучат при самата реализација на активностите со што стануваат потенцијални учесници во мобилностите во овој или во други проекти.

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.