Активности


Изложба „МОДЕН ДИЗАЈН“

На 07.05 во просториите од училиштето беше отворена изложбата „МОДЕН ДИЗАЈН“, која претставува креативен израз и посветена работа на учениците од ТЕКСТИЛНА струка, каде се среќаваат традиционалното и современото, инспирацијата и техниката, замислата и иднината. Изложба на модни илустрации – простор каде што линијата се претвора во визија, а бојата во емоција. Оваа изложба е посветена на уметноста […]


Дебата на тема „Врсничко насилство“

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, на 15 април 2025г. се одржа дебата на тема „Врсничко насилство”.На овој настан учествуваа наши ученици како и професори во улога на ментори кои заедно сплотени дебатираа и аргументираа на истоимената […]


Podcast „Врсничко Насилство“

Со спроведен план од младинската организација на нашето училиште и помош на младинскиот совет во градот Прилеп, нашите ученици воведоа нова метода на просветување наречена подкаст. На овој подкаст разговаравме за доста актуелна тема а тоа е „Врсничко Насилство“. Со овој подкаст сакавме да се прошири свеста за тоа што е врсничкото насилство и како […]


59 стебла за незаборав

Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да се заборави никогаш. Во нивна чест, учениците од нашето училиште, засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја во нашиот училиштен двор. Нека почиваат во мир!


Trash for art 2025

Ученикот Андреј Бошески од 3-1 клас освои прва награда на настанот организиран од Пакомак во категоријата поединци. Честитки за нашиот ученик и за неговата креативност!


Техничарите за изработка на облека подаруваат за 8 Март!

На вработените во училиштето, на мајките, бабите,сестрите, тетките, на пријателките, на припаднички од понежниот пол низ дуќаните во чаршијата, на случајни минувачки , среќен празник им посакаа ученичките од текстилно -кожарската струка, техничари за изработка на облека.  Нашите девојки, ученички од втора и трета година, изработија со многу љубов,  вниманието го спакуваа во креативност и […]


Марш против ракот

На 7.3.2025 со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот – битка водена со издржливост, надеж и непоколеблива храброст. Чекоревме за воините што се уште се борат, за преживеаните кои нè инспирираат и за најблиските што ги изгубивме, но никогаш нема да ги заборавиме, носејќи го ветувањето […]


Македонска сивка

Наша и единствена – Македонската сивка, позната и како Чингова окатка, претставува ендемски вид на пеперутка поставена на црвената листа како критички загрозен вид. За неа со закон се забранува собирање, продажба и извоз. Учениците од СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, под менторство на професорките Марта Макеска и Викторија Димеска, изработија групна маска со цел […]


Симпозиум

На 29/11/2024 година во ЈЗУ ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ во Скопје се одржа вториот симпозиум на сестри инструментарки на кој нашите ученици Марко Костадиноски, Исидора Николоска, Матеа Стојчевска, Михаил Јорданоски, Марија Котева и Христина Кулеска под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева ја презентираа темата Задачи на медицинската сестра при прием на хируршки болен предоперативна припрема […]


14 Ноември – Светски ден на дијабетот

Здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска на 14 Ноември по повод Светскиот ден на дијабетот организираа и спроведоа активности со едукативен и хуманитарен карактер.Членовите на секцијата изработија брошури со едукативна содржина на тема Дијабет.Во холот од Прилепската болница како и во Домот за стари лица […]