Активности


Розов октомври

Во рамките на одбележувањето на Розовиот октомври – месецот на свесност, поддршка и превенција од рак на дојка, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп  во соработка со Здружението Центар за развој и едукација  организираше настан посветен на раното откривање и превенцијата од оваа болест. Настанот беше исполнет со инспиративни пораки, едукативни активности и симболично засадување на хризантеми во розова боја, како потсетник […]


Магијата е во знаењето

Нашиот професор, Дејан Димоски, учествуваше на втората панел-дискусија во рамките на Караванот „Магијата е во знаењето“, организиран од Министерството за образование и наука на Република Македонија. На настанот се говореше за значењето на пријателскиот и поддржувачки однос меѓу професорите и учениците, како клучен фактор за создавање позитивна и поттикнувачка училишна атмосфера. Панел-дискусијата се одржа во присуство на министерката за образование […]


Со рачни вештини до сопствен бизнис

Учениците од текстилно-кожарската струка учествуваа на работилници за везење, каде се запознаа со различни видови рачни бодови и сашико везење – традиционална јапонска техника од 17 век, што спојува естетика и уметност. Работилниците се реализираа под менторство на модната дизајнерка Ирина Тошева и одговорниот наставник Јулијана Поповска, кои ги водеа учениците низ процесот на претворање на стекнатите рачни вештини во можност за самостоен и […]


Меморандум за соработка

На 6/10/2025 денес беше потпишан Меморандум за соработка со Здружение Центар за развој и едукација- ПрилепОва партнерство претставува важен чекор кон развојот на заеднички иницијативи во областа на здравствената струка  Целта на оваа соработка е: Веруваме дека преку ова партнерство ќе придонесеме за создавање на квалитетни здравствени и социјални услуги и ќе бидеме подготвени за […]


Промоција на безбедна училишна средина

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, беше опремен простор за креативна работа што ќе го користат учениците за активностите на Ученичкиот парламент но исто така тука ќе биде и кариерниот центар каде своите работни активности ќе ги […]


Со образование до влијание

На 3 Октомври во хотел Дрим во Струга учениците од здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска учествуваа на четвртата меѓународна конференција за медицински сестри на тема Со образование до влијание.На 4 Октомври нашиот ученик Михаил Јорданоски добитник на наградата најдобар ученик за 2024 под менторство […]


Ученички Совет при СОУ „Ѓорче Петров“

На ден 3.10.2025г. на состанокот што се одржа во просториите на училишната библиотека, по демократски пат, според новиот Правилник за облици на ученичко организирање и учество, поддржан од МОН, со тајно гласање беше формиран Ученичкиот совет за оваа учебна година, што е составен од претседател, потпретседател, генерален секретар и претседателите на заедниците на паралелки во […]


Траш фешн 2025- Рециклирано и ретро!

На 5-ти јуни 2025 година, Меѓународен ден за заштита на ѓивотната средина,  креативните  ученици од СОУ,,Ѓорче Петров” приредија моден настан кој ќе се памети!Trash Fashion ревијата ги врати боите и стиловите на 60-тите години – со храбри кроеви, впечатливи очила и весели точки – но сè тоа направено од рециклирани материјали. Преку оваа ревија ја подигнавме еколошката […]


КРЕАТИВЕН ДЕН 2025

Тим на СОУ „Ѓорче Петров“ по трет пат учествуваше на Креативен ден 2025 во Битола – настан посветен на промоција на креативноста, модниот дизајн и претприемништвото кај младите, линк помеѓу стручното образование и бизнис-секторот. Училиштето го претставуваше тимот во состав: Јулијана Поповска – професор по стручни предмети во текстилно-кожарската струка, Анастасија Јандреска – ученик во […]


Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост

Во нашето училиште започнаа активностите од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, во кој се вклучени ученици од текстилно – кожарската струка. Првиот ден учесничките се запознаа со концептот на одржлива мода и нејзината важност, а потоа создаваа уникатни ткаени парчиња од реупотребена облека. Вториот ден, преку креативна пренамена, старите фармерки добија […]