Daily archives: March 17, 2020


Принуден прекин на наставата

Согласно одлуката на Владата за принуден прекин на наставниот процес во сите училишта во Македонија поради прогласената пандемија на вирусот Covid 19, во СОУ Ѓорче Петров нема да се одржува настава додека не се нормализира состојбата. Во меѓувреме, учениците во договор со своите наставници ќе користат алтернативни начини на учење.