Информациии


Бренд менаџмент

Учениците од ТЕКСТИЛНА СТРУКА под менторство на професорката Јулијана Поповска беа учесници на семинарот „Бренд менаџмент и маркетинг стратегија за мали бизниси“, креиран и модериран од модната дизајнерка Irina Tosheva и експертот за дигитални медиуми Сара Симоска. Особено задоволство ни беше што на настанот присуствуваа: Н.Е. г-дин Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија, Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија, г-ѓа Elvira Zlatic Presker,г-ѓа […]


ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА добива нова димензија на креативност и иновација

Во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, реализиран од People in Need North Macedonia, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development, Ekovita и ARNO, а финансиран од Европската Унија, училиштето доби нова современа опрема: Плотер/катер со дополнителна опрема (алатки и додатоци за прецизна и разновидна […]


Насоки за упис!

Драги полуматуранти, идни ученици во нашето училиште❣️ 🗓️На 14 јуни 2025 г. започнува првиот уписен рок. 📌Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година. 📌Доставувањето на потребната документација во нашето училиште треба да го направите на 18 јуни 2025 година од 08:00 […]


Вицешампионки во одбојка на плажа!

Екипата  ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК во женска конкуренција  од СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВИЦЕШАМПИОНКИ на државното првенство во ВЕЛЕС. Честитки за пожртвуваната игра на девојките Марија Стеваноска, Јана Чергоска, Марија Котева и Боркица Чергоска.


Што нудиме?

Драги идни наши ученици! Ви ги претставуваме профилите за кои може да се определите ако се запишете во нашето училиште!


Плакета за „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“

По повод 70 – годишниот јубилеј од постоењето на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Прилеп,  на 16 мај 2025г., на прославата насловена како „Музеј, училишта, сеќавање“, нашето училиште доби плакета за долгогодишната соработка во рамките на проектот „Училиштата  во музеите или Музејот во училиштата“. Во него учествуваа над 20 наши членови, […]


Изложба „МОДЕН ДИЗАЈН“

На 07.05 во просториите од училиштето беше отворена изложбата „МОДЕН ДИЗАЈН“, која претставува креативен израз и посветена работа на учениците од ТЕКСТИЛНА струка, каде се среќаваат традиционалното и современото, инспирацијата и техниката, замислата и иднината. Изложба на модни илустрации – простор каде што линијата се претвора во визија, а бојата во емоција. Оваа изложба е посветена на уметноста […]


Дебата на тема „Врсничко насилство“

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, на 15 април 2025г. се одржа дебата на тема „Врсничко насилство”.На овој настан учествуваа наши ученици како и професори во улога на ментори кои заедно сплотени дебатираа и аргументираа на истоимената […]


Промоција на безбедна училишна средина

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, беше опремен простор за креативна работа што ќе го користат учениците за потребите на Психолошката секција, но и за активностите на Ученичкиот парламент. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува […]


креативен конкурс „Јелена Крстиќ“

На 16.04.2025 г. во библиотеката на СОУ „Ѓорче Петров” се реализира завршниот настан од креативниот конкурс ,,Јелена Крстиќ”, кој веќе седма година по ред го обновува споменот за Јелена и претставува поттик за креативност, естетско изразување, истражување и другарување на сегашните генерации ученици од сите струки во училиштето. Им честитаме на:✨Теодора Јошеска, ученичка во трета […]