Информациии


Две литературни награди на Конкурсот посветен на Св. Никола

На Литературниот конкурс што по повод градскиот храм Св. Никола го организираше Клубот на литературни творци од Прилеп нашето училиште се закити со две награди. Ученичката Марија Котева од 4-1кл. освои ПРВА НАГРАДА за прозниот текст “Кога денот ќе се заљуби во ноќта”, а Вилијам Спиркоски од 4-7кл. освои ТРЕТА НАГРАДА за песната “Вир од […]


Спорт без пречки

Денес во спортската сала на СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Прилеп со спортски игри со учениците од дневниот центар ЅУНИЦА од Прилеп под мотото СПОРТ БЕЗ ПРЕЧКИ беше одбележан месец декември МЕСЕЦ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ…… Голема благодарност на колегите и учениците од дневниот центар Ѕуница како и на учениците од здравствената струка од нашето училиште и […]


Нов европски проект поддржан од програмата Еразмус+

Нашето училиште има ново одобрен проект за стручно образование и обука на ученици и наставници. Проектот е одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во рамките на програмата Еразмус+, КА121-COO – Акредитирани проекти за мобилност на ученици и вработени (кадар) во полето на стручно образование и обука, со регистарски број 2025-1-MK01-KA121-VET-000309131. Во […]


Активот по спорт со нов успех

СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп беше домаќин на зонските натпревари во одбојка за средните училишта. На натпреварите учество зедоа екипите од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп и СОУ „Наум Наумоски Борче“ – Крушево. Натпреварите се одиграа во систем „секој против секого“, при што нашите ученички остварија супериорни победи над своите […]


Втора награда на Првата градска ораторска вечер

Марко Костадиноски од 4-2кл. го закити СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп со ВТОРА НАГРАДА, под менторство на проф. Билјана Тинтоска. Имено, на Првата градска ораторска вечер, одржана на 10.12.2025г., во организација на РОТАРИ КЛУБОТ – Прилеп, по повод Меѓународниот ден на човековите права, учество зедоа нашите ученици: Михаела Талевска и Марко Костадиноски, двајцата од 4-2кл. Во […]


Општински шампиони во женска одбојка

На општинските натпревари во одбојка за средни училишта, кои денес се одржаа во спортската сала во Прилеп, женската одбојкарска екипа на СОУ „Ѓорче Петров“ забележа извонреден успех и со заслужено освоеното прво место ја понесе титулата општински шампион за 2025 година. Нашите ученички покажаа висок степен на подготвеност, дисциплина и тимски дух. Во текот на […]


Со RYCO во Краљево

Од 1.12.2025 до 6.12.2025 во Краљево се реализира првиот дел од меѓуучилишната размена на ученици меѓу СОУ Ѓорче Петров – Прилеп и Шумарското училиште од Краљево. Имено, станува збор за многу важен образовно-воспитен меѓунационален проект што се остварува преку Regional Youth Cooperation Office – RYCO, организација што има за цел да ја поттикне соработката меѓу […]


Општински шампиони во машка одбојка

На 03.12.2025 година се одржаа општинските натпревари во одбојка во машка конкуренција, на кои учество земаа екипите на сите средни училишта од Општина Прилеп. Тимот на СОУ „Ѓорче Петров“ го започна својот настап со полуфинален натпревар против СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, по што обезбеди пласман во финалето. Во финалниот натпревар, нашата екипа се соочи со […]


Инклузивни спортски активности

Денес во ООУ. “Добре Јованоски” се одржаа низа инклузивни спортски активности во кои активно зедоа учество корисниците на Дневниот центар Ѕуница и Дневниот центар за лица со Церебрална парализа како и  ученици од нашето училиште во организација на Здружение центар за развој и едукација Прилеп.  За сите учесници во спортските активности- одбојка и пинг понг, директорот […]


Со рачни вештини до сопствен бизнис

Учениците од текстилно-кожарската струка учествуваа на работилница за шибори – традиционална јапонска техника на боење, која преку врзување, преклопување и стегање создава уникатни уметнички шари и текстури. Работилниците се реализираа под менторство на модната дизајнерка Ирина Тошева и одговорниот наставник Јулијана Поповска, кои ги водеа учениците низ процесот на претворање на стекнатите рачни техники на боење во можност за самостоен […]