Мартин Цветковски


ПРОШТАЛНА ПРЕТСТАВА НА ГЛУМЦИТЕ МАТУРАНТИ

На 9 мај 2018г.,пред преполната сала во Киното МисСтон, глумците матуранти од Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“Прилеп се збогуваа од верната публика со претставата ,,Наша луда клиника”. Сценариото на комичната претстава е на: Филип Стојаноски и Хари Тасески. Упатуваме голема благодарност до ДК „Марко Цепенков“ за отстапениот простор и до нашите верни обожаватели – професори, ученици и […]


Уште еден хумнитарен настап на Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

На 16 март 2018г., во ДК„Марко Цепенков“ Прилеп, во преполнетата со публика голема сала, на покана на наши ученици – волонтери во Црвен крст Прилеп, кои преку ПХВ програмата изработуваат мали хуманитарни проекти за помош на ранливи семејства, членовите на Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ја изведоа претставата „Љубовна династија“, според сценарио на Филип […]


По повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик

И оваа година, по повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик, се оствари повеќегодишната традиционална литературна соработка меѓу СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп и Младински информативен и советодавен центар на Коалиција на младински организации СЕГА. На Конкурсот насловен како „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“ зедоа учество 17 ученици од нашето училиште. На ден […]


Прва и втора награда за наши ученички

На Конкурсот што секоја година во ова време, традиционално, го објавува Здружението на литературни творци од Прилеп, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп доби две наградени ученички. Имено, во категоријата  Проза, за ученици од средно образоване, нашата ученичка Ивана Настеска од 2-1кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, ја освои Првата награда. Во категоријатата Поезија, за ученици од […]


Избран заменик Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

По објавениот Јавен повик за избор на заменик Дете – правобранител, на којшто се пријавија 11 (единаесет) кандидати, Комисијата во состав: директор на училиштето, училишен тим на проектот „Имплементација на конвенцијата на правата на децата во училиштата во РМ“, претставник на Коалиција СЕГА и Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ги разгледа внимателно пријавите […]


Проект ,,Practice makes professionals‘‘

Со првата обука за наставници,  од   Понеделникот, 13.11.2017г. во Барселона, отпочна реализацијата на  проектот ,,Practice makes professionals‘‘. На еднонеделната  обука учествуваа координаторот на проектот, професорката Билјана Рошкоска и професорката Благица Тренчевска. ,,Practice makes professionals‘‘ е проект одобрен и поддржан  од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и програмата Еразмус + при Европската комисија […]


Партнерска соработка на Драмската секција со АГТИС Прилеп

Драмската секција со тим од повеќе ученици на СОУ,,Ѓорче Петров”-Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, на 13.06.2017г. успешно го заврши проектот ,,Да се видам со твоите очи” ” за развивање вештини за известување на заедницата, во соработка и под покровителство на АГТИС Прилеп. Завршните активности беа реализирани во Галеријата на икони во Прилеп, а […]


Конференција по Информатика

Во рамки на соработката помеѓу Македонската академија на науки и уметности и Бугарската академија на науки и уметности, заедно со Здружението на информатичари на Македонија, Сојузот на Математичари на Македонија и Сојузот на математичари и информатичари на Бугарија се организира заеднички Ученички институт по математика и информатика. Ученичкот Николче Мојсоски од II-2 клас при СОУ “Ѓорче […]


Драмската секција во уште една хумана мисија

На ден 17.03.2017г., Драмската секција на нашето училиште, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“, се претстави со настап на хуманитарен настан. Нa покана нa наши ученички, Марија Миноска и Тијана Манџикоска -волонтери во Црвен крст Прилеп, пред најмладата публика, ученици од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Гоце Делчев“, се претставивме со хумористичната, […]


„Награди на карневалот Прочка 2017“

На изложбата на маски по повод празникот Прочка, учениците од СОУ Ѓорче Петров освоија 3 награди. Леа Грабулоска и Владимир Мазнески освоија прва награда, а Лука Кузманоски втора. На карневалот, нашата групна маска во категоријата групна традиционална маска освои прва награда. Маската беше именувана „Чума“, учествуваа 30 ученици, а беше изработена во работилницата на дрвопреработувачката […]