admin


Со рачни вештини до сопствен бизнис

Учениците од текстилно-кожарската струка учествуваа на работилници за везење, каде се запознаа со различни видови рачни бодови и сашико везење – традиционална јапонска техника од 17 век, што спојува естетика и уметност. Работилниците се реализираа под менторство на модната дизајнерка Ирина Тошева и одговорниот наставник Јулијана Поповска, кои ги водеа учениците низ процесот на претворање на стекнатите рачни вештини во можност за самостоен и […]


OWIS методологија

Професорката Јулијана Поповска од нашето училиште заедно со 18 наставници од текстилни и земјоделски училишта ја истражуваше OWIS методологијата, во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, реализиран од People in Need Macedonia, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development, Ekovita и ARNO, а финансиран […]


Меморандум за соработка

На 6/10/2025 денес беше потпишан Меморандум за соработка со Здружение Центар за развој и едукација- ПрилепОва партнерство претставува важен чекор кон развојот на заеднички иницијативи во областа на здравствената струка  Целта на оваа соработка е: Веруваме дека преку ова партнерство ќе придонесеме за создавање на квалитетни здравствени и социјални услуги и ќе бидеме подготвени за […]


Промоција на безбедна училишна средина

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, беше опремен простор за креативна работа што ќе го користат учениците за активностите на Ученичкиот парламент но исто така тука ќе биде и кариерниот центар каде своите работни активности ќе ги […]


Со образование до влијание

На 3 Октомври во хотел Дрим во Струга учениците од здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска учествуваа на четвртата меѓународна конференција за медицински сестри на тема Со образование до влијание.На 4 Октомври нашиот ученик Михаил Јорданоски добитник на наградата најдобар ученик за 2024 под менторство […]


Ученички Совет при СОУ „Ѓорче Петров“

На ден 3.10.2025г. на состанокот што се одржа во просториите на училишната библиотека, по демократски пат, според новиот Правилник за облици на ученичко организирање и учество, поддржан од МОН, со тајно гласање беше формиран Ученичкиот совет за оваа учебна година, што е составен од претседател, потпретседател, генерален секретар и претседателите на заедниците на паралелки во […]


НЕДЕЛА НА УРБАНА МОБИЛНОСТ

Учениците заедно со професорите по спорт и спортски aктивности од СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП зедоа активно учество во сите активности кои беа опфатени во НЕДЕЛА НА УРБАНА МОБИЛНОСТ Петок трка на 5 километри Недела Сите на велосипед Понеделник Ден без автомобили


Аудиција – драмска секција

ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ НА СОУ„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ПРИЛЕП ВРШИ ПРИЕМ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ (УЧЕНИЦИ И УЧЕНИЧКИ). ГИ ОХРАБРУВАМЕ СИТЕ КОИ ИМААТ АФИНИТЕТ ЗА ГЛУМА.ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ И ДА ДОБИЈАТ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОДГОТОВКАТА КАЈ МАТЕА СТОЈЧЕВСКА, од 4-2 клас, лично или на телефон: 076-705-871. ЗА ДЕНОТ И ВРЕМЕТО НА АУДИЦИЈАТА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОЕДИНЕЧНО ИЗВЕСТЕНИ.ПРИЈАВУВАЊЕТО ТРАЕ ДО 30.09.2025г.


Благодарници за членовите од „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ кои станаа студенти

„СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп испрати тројца свои членови во академскиот свет. Ние, кои остануваме, им посакуваме многу успеси во животот и им порачуваме да шират љубов и да не забораваат да бидат луѓе, како што првенствено се учевме.  И како и секогаш – „неки нови клинци“ ќе го заземат нивното место. 


Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO)

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) е независно функционален институционален механизам, основан од 6-те учесници од Западен Балкан (ЗБ 6): Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, со цел да се промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во регионот преку програми за младинска размена. Спогодбата за основање на RYCO […]