Monthly archives: December 2025


Уникатност создадена со шибори техника на боење

Под менторство на професорката Јулијана Поповска, учениците од текстилно – кожарска струка од рачно боените парчиња текстил, изработени со шибори техника, создадоа оригинален предмет за облекување. Преку оваа активност младите креативци ја истражуваа моќта на традиционалните техники и нивната примена во современиот дизајн. Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, […]


Од стара облека до уникатен предмет за облекување

Под менторство на професорката Јулијана Поповска, учениците од текстилно-кожарската струка од стара облека и текстилен отпад изработија рачно ткаени парчиња, кои станаа уникатни предмети за облекување. Овие активности не само што ја истакнуваат креативноста на учениците, туку и промовираат одржлива употреба на материјали и иновативен пристап кон модата. Активноста е дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво […]


Општински шампиони во машка одбојка

На 03.12.2025 година се одржаа општинските натпревари во одбојка во машка конкуренција, на кои учество земаа екипите на сите средни училишта од Општина Прилеп. Тимот на СОУ „Ѓорче Петров“ го започна својот настап со полуфинален натпревар против СОУ „Кузман Јосифоски Питу“, по што обезбеди пласман во финалето. Во финалниот натпревар, нашата екипа се соочи со […]


Инклузивни спортски активности

Денес во ООУ. “Добре Јованоски” се одржаа низа инклузивни спортски активности во кои активно зедоа учество корисниците на Дневниот центар Ѕуница и Дневниот центар за лица со Церебрална парализа како и  ученици од нашето училиште во организација на Здружение центар за развој и едукација Прилеп.  За сите учесници во спортските активности- одбојка и пинг понг, директорот […]