Monthly archives: May 2025


Вицешампионки во одбојка на плажа!

Екипата  ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК во женска конкуренција  од СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВИЦЕШАМПИОНКИ на државното првенство во ВЕЛЕС. Честитки за пожртвуваната игра на девојките Марија Стеваноска, Јана Чергоска, Марија Котева и Боркица Чергоска.


Што нудиме?

Драги идни наши ученици! Ви ги претставуваме профилите за кои може да се определите ако се запишете во нашето училиште!


Плакета за „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“

По повод 70 – годишниот јубилеј од постоењето на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Прилеп,  на 16 мај 2025г., на прославата насловена како „Музеј, училишта, сеќавање“, нашето училиште доби плакета за долгогодишната соработка во рамките на проектот „Училиштата  во музеите или Музејот во училиштата“. Во него учествуваа над 20 наши членови, […]


Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост

Во нашето училиште започнаа активностите од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, во кој се вклучени ученици од текстилно – кожарската струка. Првиот ден учесничките се запознаа со концептот на одржлива мода и нејзината важност, а потоа создаваа уникатни ткаени парчиња од реупотребена облека. Вториот ден, преку креативна пренамена, старите фармерки добија […]


Изложба „МОДЕН ДИЗАЈН“

На 07.05 во просториите од училиштето беше отворена изложбата „МОДЕН ДИЗАЈН“, која претставува креативен израз и посветена работа на учениците од ТЕКСТИЛНА струка, каде се среќаваат традиционалното и современото, инспирацијата и техниката, замислата и иднината. Изложба на модни илустрации – простор каде што линијата се претвора во визија, а бојата во емоција. Оваа изложба е посветена на уметноста […]


Дебата на тема „Врсничко насилство“

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, на 15 април 2025г. се одржа дебата на тема „Врсничко насилство”.На овој настан учествуваа наши ученици како и професори во улога на ментори кои заедно сплотени дебатираа и аргументираа на истоимената […]


Промоција на безбедна училишна средина

Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, беше опремен простор за креативна работа што ќе го користат учениците за потребите на Психолошката секција, но и за активностите на Ученичкиот парламент. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува […]