Марко Чеврески


,,Златната прилепскa кралица” блесна на карневалот Прочка 2026

Гордост за СОУ,,Ѓорче Петров”  се ученичките кои со многу посветеност и изразита креативност  изработија костуми за годинешната маска „Златна прилепска кралица“ со која се претставија на меѓународниот карневл ,,Прочка 2026″  и го освоија ВТОРОТО МЕСТО .    Нивната работа и креативност беше поттикнувана и подджувана  од менторот , професорката Марта Макеска, а во остварувањето на идеите им […]


Учениците текстилци во хумана акција

Хуманоста и емпатијата се чувства кои ги носиме во себе , ги примаме од околината. Тие се развиваат ако се поттикнуваат уште од рана возраст.    Ученици од текстилно-кожарската струка од СОУ,,Ѓорче Петров”, членови на текстилната секција, водени од желбата за помош кога е најпотребна, организираа и остварија акција за изработка на мартинки кои им ги […]


Општински шампиони во женски футбал!

Екипата во ФУТБАЛ ЖЕНСКИ од СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИЛЕП општински шампион за средните училишта од нашата Општина…… Во финалето победена екипата на СОУ ГИМ МИРЧЕ АЦЕВ ПРИЛЕП со резултат 3:0 На учениците и професорот Зоран Димоски им посакуваме успех на понатамошните натпревари.


По повод престојниот празник 8 март

Во средата 04.03.2026.год, по повод претстојниот празник 8- ми март денот на жената учениците  и професорите од здравствената струка, профилот фармацевтски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп ,пред Камената бина во центарот на Прилеп организираа настан каде на  случајните минувачи и посетители  им се мереше бесплатно  ниво на шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус. […]


Панделките од текстилците, украси на настанот „Прилепската новогодишна приказна“

Учениците-матуранти од секторот текстил, кожа и слични производи при нашето училиште СОУ „Ѓорче Петров” изработија украсни панделки со материјал дониран од компанијата „Кули” и станаа дел од „Прилепската Новогодишна приказна” која се „раскажуваше“ и доживуваше  во центарот на Прилеп.


Текстилци -креативци во „акција“ за украсување

Креативност, тимска работа и позитивна „модна“ енергија внесоа учениците од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп при предновогодишната акција за украсување и уредување на училиштето. Со голема посветеност и чувство за естетика, учениците создадоа прекрасни модни „украси“ и внесоа празничен дух во  училиштето. Горди сме на нивниот труд, креативност и желба за креативно изразување!


Две литературни награди на Конкурсот посветен на Св. Никола

На Литературниот конкурс што по повод градскиот храм Св. Никола го организираше Клубот на литературни творци од Прилеп нашето училиште се закити со две награди. Ученичката Марија Котева од 4-1кл. освои ПРВА НАГРАДА за прозниот текст “Кога денот ќе се заљуби во ноќта”, а Вилијам Спиркоски од 4-7кл. освои ТРЕТА НАГРАДА за песната “Вир од […]


Втора награда на Првата градска ораторска вечер

Марко Костадиноски од 4-2кл. го закити СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп со ВТОРА НАГРАДА, под менторство на проф. Билјана Тинтоска. Имено, на Првата градска ораторска вечер, одржана на 10.12.2025г., во организација на РОТАРИ КЛУБОТ – Прилеп, по повод Меѓународниот ден на човековите права, учество зедоа нашите ученици: Михаела Талевска и Марко Костадиноски, двајцата од 4-2кл. Во […]