Monthly archives: March 2025


59 стебла за незаборав

Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да се заборави никогаш. Во нивна чест, учениците од нашето училиште, засадија 59 стебла на јасен, јавор и фоја во нашиот училиштен двор. Нека почиваат во мир!


Trash for art 2025

Ученикот Андреј Бошески од 3-1 клас освои прва награда на настанот организиран од Пакомак во категоријата поединци. Честитки за нашиот ученик и за неговата креативност!


Техничарите за изработка на облека подаруваат за 8 Март!

На вработените во училиштето, на мајките, бабите,сестрите, тетките, на пријателките, на припаднички од понежниот пол низ дуќаните во чаршијата, на случајни минувачки , среќен празник им посакаа ученичките од текстилно -кожарската струка, техничари за изработка на облека.  Нашите девојки, ученички од втора и трета година, изработија со многу љубов,  вниманието го спакуваа во креативност и […]


Марш против ракот

На 7.3.2025 со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот – битка водена со издржливост, надеж и непоколеблива храброст. Чекоревме за воините што се уште се борат, за преживеаните кои нè инспирираат и за најблиските што ги изгубивме, но никогаш нема да ги заборавиме, носејќи го ветувањето […]


Македонска сивка

Наша и единствена – Македонската сивка, позната и како Чингова окатка, претставува ендемски вид на пеперутка поставена на црвената листа како критички загрозен вид. За неа со закон се забранува собирање, продажба и извоз. Учениците од СОУ „Ѓорче Петров” – Прилеп, под менторство на професорките Марта Макеска и Викторија Димеска, изработија групна маска со цел […]


Најдобра маска

На изложбата со маски традиционално организирана од општина Прилеп Андреј Бошески 3-1 клас од СОУ Ѓорче Петров ги покажа своите уметнички способности и ја освои првата награда во категорија средни училишта. Честитки Андреј и успех во иднина !