Завршен испит


ПРИЈАВИ ЗА ЗАВРШЕН ИСПИТ:
Медицинска сестра
Фармацевтски-лабораториски техничар
Физиотераевтски техничар
Козметички техничар
Текстилно-кожарски техничар
Техничар за мебел и ентериер
Геолошко-рударски техничар
Фризер

Завршниот испит во четиригодишното средно стручно образование е наменет за учениците кои не се определиле за државна матура. Неговата улога е сертификатна.

Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на наставните програми за соодветните наставни предмети.

Завршниот испит се состои од: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
1. Задолжителниот дел се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература.

2. Изборниот дел се состои од еден стручен наставен предмет, кој ученикот го избира од понудена листа на наставни предмети.

3. Проектната задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Проектната задача има за цел да ја провери оспособеноста на учениците за:
– самостојно планирање, проучување и истражување на одделни проблеми;
– самостојно користење на извори на информации и информатичка технологија;
– планирање и изведување на експерименти;
– презентирање на добиените сознанија од проучувањето.