Геолошко-рударски техничар


Геолошко-рударската и металуршка струка односно секторот геологија, рударство и металургија со профилот Геолошко-рударски техничар во ова училиште датира од 2007 година.

Од учебната 2021/2022 година се оформува дуална паралелка, на почеток со профилот Ракувач со рударски машини, за потоа да продолжи со профилот Геолошко-рударски техничар. За таа цел е потпишан Меморандум за соработка со компанијата Фимар Балкан АД Скопје. Па денес учениците 1-2 дена во неделата реализираат Учење преку работа кај работодавач во оваа компанија.

Учениците од дуалната паралелка имаат можност за добивање стипендија од Министерството за образование и наука во времетраење од 9 месеци.

Во училиштето има и збирка од минерали и карпи, но и геолошки карти и други нагледни средства, кои се основа за изведување на практичната настава по одредени стручни предмети.

Геологијата и рударството претставуваат основа за развојот на современото општество. Поради тоа, потребата од стручни и образовани кадри во оваа област постојано расте.

Запишувањето во секторот Геологија, рударство и металургија им нуди на учениците можност да стекнат знаења за природните процеси, минералите, карпите и подземните ресурси, како и за начинот на нивно истражување, искористување и заштита.

Покрај тоа, геологијата и рударството имаат големо значење за одржливиот развој и заштитата на животната средина. Современите геолози и рудари не само што бараат нови извори на минерали и енергија, туку и се грижат тие да се користат на безбеден и еколошки одговорен начин.

Учениците кои ќе се определат за оваа струка можат да очекуваат широки можности за вработување – во рудници, градежни компании, енергетски централи, институти за истражување и државни установи.

Затоа, изборот на секторот Геологија и рударство не е само професионална насока,туку и атрактивна поради постојаната потреба за квалификувани работници, добрите услови за работа и можноста за напредување. Избирањето на оваа струка е инвестиција во успешна кариера и стабилна иднина. Тоа е избор за ученици кои сакаат да откриваат, да создаваат и да остават трага во светот под и над земјата.