Профилот Техничар за козметичка нега и убавина во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп воведен е од 1997 година. Во наставната програма учениците следат теоретска и практична настава. Во теторетската настава ги изучуваат општообразовните и стручните предмети значајни за оваа струка преку кои се запознаваат со општите начела и принципи на еден козметички техничар, нудење на добра услуга на клиентите, задовoлување на нивните потреби. Во рамките на практичната настава, учениците изведуваат голем број на козметички постапки, како што се: депилации, масажи, наградба на нокти, маникир, педикир и др., со цел да ги стекнат вештините од областа на козметичарството. Практичната настава се одвива во добро опремен кабинет во просториите на училиштето во времетраење од два дена во една работна недела, а се врши и посета на професионални козметички салони во градот. По завршувањето на средното образование учениците можат да започнат сопствен бизнис со отворање на козметички салон, но исто така можат да го продолжат своето образование во било која високообразовна институција. Своите знаења и вештини, козметичките техничари ги презентираат на различни манифестации во рамките на училиштето, но и надвор од него, како што се:
- Модни ревии коишто ги организира училиштето
- Денот на жената – 8-ми март
- Пригодни активности по повод патрониот празник
- При презентирање на училиштето во градот Прилеп
- При активности кои се организираат за време на новогодишните празници
- При разни хуманитарни акции во рамките на училиштето и др.