Фризер


Профилот фризер во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е воведен од 1997 година. Оттогаш, па се до денес се обучува идниот стручен кадар во оваа област. Во рамките на овој профил се изведува теоретска и практична настава. Преку изучувањето на разни стручни, како и голем број други предмети учениците се образуваат со цел да имаат добра работна комуникација, да можат да ги осознаат потребите на клиентите, да ги научат основите на фризерството, намената на материјалите и сл. За идната работа како професионални фризери се обучуваат во рамките на практичната настава. Истата се одвива во фризерскиот салон во училиштето, кој е опремен со сите материјали и апарати кои се потребни за работа. Со практичната настава им се овозможува на учениците да ја искажат својата креативност со изведување на разни третмани за коса и фризури, под водство на стручни професори од училиштето. Профилот фризер има тригодишно траење, при што по завршувањето на образованието учениците можат да ја градат својата кариера во некој фризерски салон или да отворат сопствен, но можат да се надоградуваат и на некоја фризерска академија. Она што го умеат и знаат учениците можат да го покажат преку учество на разни хуманитарни активности по повод:

  • 8-ми март – Денот на жената
  • Новогодишните празници
  • Учество на ревијата којашто ја организира училиштето
  • Учество на манифестацијата „Денови на занаетчиството“
  • Учество на натпревари организирани од фризерската асоцијација и др.

Сакате креативна и убава иднина?
Можноста е голема а изборот е ваш. Aко сакате да се занимавате со работа која е креативна, интересна, иновативна, добро платена, перспективна, ние сме тука….
Фризерот треба да го чувствува пулсот на времето кој постојано се информира за новостите и новите трендови, новите модни линии, фризури и ниту за миг не престанува да учи.
Учеството на учениците на повеќе активности како и хуманитарни кои им се овозможува на учениците од профилот Фризер да ја презентираат својата работа и стекнатите вештини и знаења на часовите, како и примена на стекнатите знаења и вештини во реалноста, стекнување на нови искуства, поврзување на училишната работа со цел: Разубавување на старите лица по повод Неделата за грижа на старите лица и Новогодишните празници, 8 ми Март денот на жената, разубавување и дружба со корисниците од РЦПЛИП „Порака“ по повод одбележувањето 3 ти Декември меѓународниот ден на лицата со попреченост, презентирање на струките на сите профили од средните училишта на „Саемот за вештини, вработливост и кариера“, учество со изработка на фризури за патрониот празник на училиштето, учество на модната ревија „Trash fashion“…..

Фризерството не е само занает- тоа е уметност!

Што ќе научиш:

  • Модерни техники на потстрижување и обликување
  • Боење, нијансирање и нега на коса
  • Фенси фризури, плетенки и свечени стилови
  • Работа со клиенти и водење салон
  • Практична настава во реални услови

    Зошто да избереш Фризер?
  • Барана и платена професија
  • Можност за сопствен бизнис
  • Постојан личен и креативен развој
  • Работа дома, во салон или странство