Физиотерапевтски техничар


Профилот – физиотерапевтски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е воведен во 2012 година. Низ четиригодишното образование учениците се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини за:

  • Примена на сите видови терапија (термо, електро, механо, кинези и др.) во рехабилитацијата
  • Ракување, грижа и одржување на апаратите, инструментите и матерјалите со кои работи
  • Работа со инвалидизирани лица
  • Работа со семејства на инвадилизирани лица
  • Спроведување на мерки за заштита и унапредување на човековото здравје.

Практичната настава се изведува во специјално опремен кабинет во просториите на училиштето и во физикалната сала во ЈЗУ „Борка Талески“ – Прилеп. Феријалната пракса е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во времетраење од дваесет работни дена.

fizioterapevt1