Профилот – фармацевтски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е воведен во 2007 година. Низ четиригодишно образование учениците стекнуваат знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. После завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, лабораторија или да го продолжи своето образование на некој од факултетите. Практичната настава започнува во втора година. Се изведува во лабараторија и во кабинети кои се опремени со потребните инструменти и апарати. Во склоп на лабораторијата има и импровизирана аптека со чија помош учениците се запознаваат со лековите кои ги изучуваат на теоретската настава. Учениците од втора година посетуваат и практична настава во некои од приватните аптеки. Преку практичната настава учениците се стекнуваат со следниве знаења:
- Работа со лабораториски прибор
- Подготвка на реагенси, раствори
- Пребарување и употреба на фармакопеа
- Идентификација, одредување на чистота на соединенија, како и нивна примена
- Изработка на магистрални препарати за надворешна употреба
- Сигнатура на препартите
- Микроскопска и макроскопска идентификација на дроги и др.
Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година во приватни аптеки, во времетраење од дваесет работни дена.