еТвининг е заедница на училишта во Европа
еТвининг е платформа за училишен персонал (наставници, директори, библотекари итн) кој работи во училишта/предшколски институции во една од европските земји учеснички, за потребите да комуницираат, соработуваат, развиваат проекти, споделуваат и накратко, кои се дел он највозбудливата заедница за учење во Европа.
еТвининг ја промовира училишната соработика во Европа преку користење на информациско-комуникациска технологија (ИКТ) така што на училиштата им обезбедува поддршка, алатки и услуги. еТвининг исто така нуди можности за бесплатен и континуиран професионален развој на наставниците преку интернет.
Започната во 2015 како главна акција на Европската комисија во оквир на програмата за е-образовно учење, еТвининг е кофондирана од Еразмус+, Европската програма за образование, тренинг, млади и спорт од 2014.
еТвининг порталот е влез кон светот на еТвининг. Достапен на 28 јазици, eTwinning.net нуди новини од еТвининг земјите, можности за професионален развој, информации за признанија како и примери за успешни проекти.
Проекти – можности да се регистрира проект и да се соработува со претставници од многу земји и користење на најразлични материјали
Професионален развој – настани за учење, семинари, курсеви, работилници и конференции при што учесниците се здобиваат во сертификати
Признанија – еТвининг ознака, Национална ознака за квалитет, Европска ознака за квалитет, еТвининг училиште