Проект на RYCO – SUPERSCHOOLS


Во периодот од 23 – 28 /03/2026 година  во нашето училиште беше реализирана втората мобилност од проектот на RYCO – SUPERSCHOOLS. Нашето училиште беше домаќин на учениците од Шумарското училиште од Краљево кое е и наше партнер училиште со кое ние го градевме нашиот МОЗАИК НА ПРИЈАТЕЛСТВО како што гласи и името на проектот.Мир и помирување, ненасилна комуникација и толеранција беа само од основните цели кои не само што ги постигнавме туку воедно и ги издигнавме на повисоко ниво.Координатори на проектот се професорките Наташа Ванчева и Венера Николова Мишачковска а во истиот беа вклучени 15 ученици од трета и четврта година од здравствена струка од профилот медицинска сестра и фармацевтско лабараториски техничар. Активностите започнаа со традиционален пречек на гостите од Краљево Проф. Бојана Милованович и педагогот Оливера Капа и нивните 15 ученици. Беа реализирани бројни работилници кои на учениците им овозможија подобро да се запознаат, да ја изразат својата креативност, да го запознаат нашето културно историско минато, да ја вкусат нашата традиционална храна и да го заиграат нашето традиционално оро.