Профилот техничар за обработка на дрво од шумарско-дрвопреработувачката струка во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е присутен неколку години. Учениците имаат посебна работилница која е опремена со машини кои му се потребни за изработка, додека наставата ја изведуваат професори кои се високообразовани. Стручните предмети во овој профил овозможуваат високо развивање на учениците и можност за понатамошна самостојна работа. Учениците од овој профил се задолжени за средување и модернизирање на ентериерот од нашето училиште. Исто така учениците имаат учествувано на голем број проекти и активности. Секоја година учествуваат на саемот за мебел во Скопје, кадешто учениците секоја година изложуваат помодернизирани и покреативни достигнувања од нивната струка. По завршувањето на образованието овие ученици излегуваат од нашето училиште како техничари за мебел и ентериер. Овај профил е од четврт степен и по завршувањето учениците можат да продолжат на студиска програма како што е Проектирање и технологија на мебел и ентериер, но исто така имаат и можност да се запишат на други студии.