Текстилно-кожарската е една од темелните струки на денешното средно стручно училиште ,,Ѓорче Петров”. Почетоците се од доцните шеесетти години на 20 век.
Низ годините се менувале профилите за кои се образувале ученици во рамките на оваа струка, прилагодувајќи се на технолошкиот развој, потребите на стопанството и општеството.
Денес, во текстилно-кожарската струка, сега сектор за текстил кожа и слични производи, запишаните учениците се стекнуваат со знаења и вештини за квалификацијата техничар за изработка на облека.
Секторот текстил, кожа и слични производи поттикнува и афирмира естетиката , креативност, иновативност, напредок низ часовите по теорија и пракса, но и преку воннаставните активности
Токму во овој сектор, во учебната 2021/2022 година се оформува првата дуална паралелка во училиштето .
Најмалку еден ден во работната недела учениците од втора, трета и четврта година од дуалните паралелки со зголемен фонд на часови по практична настава реализираат настава во реални услови, во компании со кои училиштето потпишува меморандуми и одржува интензивна повеќегодишна соработка.
Наши ученици имаат часови по Учење преку работа во компаниите ,,Комфи Ангел” и ,,Кули”, а соработка има со ,,Хатра”, ,,Мартекс” ,,Жалфија”, ,,Тритекс” и други деловни и занаетчиски субјекти од текстилното/конфекциското производство. Часовите кај работодавач се од големо значење заради напредок и здобивање на учениците со нови , практични вештини и поврзување на теоријата и праксата.
Учениците во дуалните паралелки имаат поволност и добиваат стипендии од Министерството за образование во времетраење од 9 месеци.
Практичната настава се одвива во работилница во склоп на училиштето, која е опремена со потребна опрема: машини, апарати , алат за работа и материјали најчесто донација од фирмите –соработници.
Да се биде техничар за изработка на облека, треба да се поседуваат знаења за карактеристиките на материјалите: влакна , предива, ткаенини, плетенини…и тие да се имаат во предвид при скицирањето, дизајнирањето и конструкцијата на облека.
Модниот дизајн почнува од скицата, а завршува со изработен модел од облека.
Учениците од секторот текстил , кожа и слични производи се вклучени во голем дел воннаставни активности: работилници, обуки, креативни настани, проекти, модни ревии каде развиваат вештини за иновативност, креативност, иницијативност, соработка, претприемништво, одржливост, еко свесност и се во чекор со современите тенденции стручното образование и технолошкиот развој.
Дел од нашите активности се споделуваат на:
– веб странатa од училиштето (https://gorcepetrov.mk)
– фб страната од училиштето (https://www.facebook.com/profile.php?id=61557956021189)
– фб страната од текстилната секција ()
По завршувањето на четиригодишното образование, техничарите за изработка на облека може професионално да напредуваат развивајќи сопствен бизнис, да работат во компаниите од областа на текстилната индустрија или пак да го продолжат своето образование на високообразовните институции и да станат инженери, модни дизајнери или стручњаци од други области.

















