Физиотерапевтски техничар


Квалификацијата – физиотерапевтски техничар во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп е воведен во 2012 година. Има за цел оспособување на учениците за стекнување теоретски знаења и практични вештини од областа на физикалната медицина и рехабилитација, со кои ќе можат да учествуваат во превенција, третман и рехабилитација на пациенти под надзор на стручен кадар. Практичната настава се изведува во специјално опремен кабинет во просториите на училиштето и во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност  „Борка Талески“ – Прилеп. Феријалната пракса е задолжителна по завршувањето на прва, втора и трета година во времетраење од дваесет работни дена.

Во текот на своето четиригодишно образование, ученикот континуирано се стекнува со теоретско познавање од медицински науки, општообразовни предмети практични вештини за применување на физиотерапевтски методи, организациски и комуникациски способности за тимска работа, како и:

  • Подготвување на пациенти за терапевтски постапки,
  • Изведување кинезитерапевтски вежби и мануелни техники,
  • Спроведување масажа и релаксациони техники,
  • Работа со апарати за електротерапија, термотерапија, фототерапија, хидротерапија и сл.,
  • Едукација на пациентите за правилно движење и превенција од трауматски оштетувања.

Во текот на образовниот процес ученикот се стекнува со знаење, вештини и компетенции за:

  • Препознавање најчести функционални нарушувања и потреби за рехабилитација,
  • Подготвување и изведување на физикални процедури: кинезитерапија, масажа, термотерапија, електротерапија, хидротерапија и сл.,
  • Асистирање при сложени физиотерапевтски третмани под надзор на стручен кадар,
  • Користење и одржување апарати и помагала за физикална терапија,
  • Водење документација и следење напредок на пациентите,
  • Почитување етички стандарди и принципи на професионална работа со пациенти,
  • Професионално комуницирање со пациенти, нивните семејства и здравствен персонал.

fizioterapevt1