Известување за учество во RYCO проект и Формулар за апликација за проект ,,Училишно огледало‘‘од програмата на RYCO


  СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп  како партнер на Политехничкото училиште од Крагуевац , заедно со уште три училишта од Сараево, Корча и Скадар реализира проект од програмата на RYCO  (Regional Youth Cooperation Office), под наслов ,,Училишно огледало‘‘.
    Нашето училиште е едно од првите училишта и организации во Македонија кои како партнери или координатори учествуваат на првиот повик на Regional Youth Cooperation Office каде партиципираат земјите од групата W 6- Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора.
   Цел на  проект ,,Училишно огледало‘‘ е запознавање и доближување на различните култури, активизам  на младите луѓе од регионот,  разбивање на предрасудите  и градење на иднина заснована на соработка и почитување. Тоа ќе се постигне преку организирање на караван на пријателство и камп за сите учесници.

    Проектот ,,Училишно огледало‘‘ ќе се реализира низ седум активности:

1.      Претставување на проектот, распишување на конкурс и избор на ученици

2.      Прием на гостите (партнерите) од Сараево во Политехничкото училиште во Крагуевац

3.      Прием на партнерите од Сараево и Крагуевац во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘, Прилеп

4.      Организирање на камп  за сите пет училишта партнери од Сараево, Крагуевац, Прилеп, Корча и Скадар во Охрид

5.      Разбивање на предрасудите,  јакнење на активизмот меѓу младите луѓе и ширење на  проектот во локалната заедница

6.      Изработка на брошура со искуствата и впечатоците од реализираните активности

7.      Завршна конференција во Крагуевац

   Сите  ученици од прва, втора и трета година во учебната 2017/2018 г.  кои се заинтересирани за учество во кампот, да го потполнат формуларот најдоцна до 08.06.2018 г .

   Формуларот за апликација може да се преземе од следниот линк:

Прилеп, 06.06.2018 г.                                            Директор на СОУ,,Ѓорче Петров‘‘:

                                                                                                     Страшо Ѓорѓиески

                               Координатори на проектот:

                                       Билјана Рошкоска

                                      Здравка Најдоска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>