На 15.12.2020г. се одржа онлајн состанок, на која присуствуваа претседателите и замениците на класовите од нашето училиште, а во организација на Тимот за заштита на правата на децата, во состав: Снежана Милошеска – педагог, Слободан Петкоски – професор, Билјана Тинтоска – професор. Почесен гостин на состанокот беше и в.д. директорката на училиштето Петра Лукароска.
Најпрво беа избрани претседатели на генерациите и заменици, потоа од нивните редови, за претседател беше избран Петар Јаковлески од 3-3кл., а за негов заменик – Мерјем Џелал од 3-2кл.
Ученичкиот парламент го сочинуваат:
4 год. Стеваноска Мери претседател
Кочоска Ангела – заменик
3 год. Јаковлески Петар – претседател
Џелал Мерјем – заменик
2 год. Велкоска Теодора – преседател
Везенкоски Стефан –заменик
1 год. Кимоска Ангела – преседател
Станкоска Ангела – заменик
И Ученикот – правобранител Матеа Поповска.
На Ученичкиот парламент му посакуваме успешна работа!