Со пракса до подобри вештини


Реализиран проектот на учениците од СОУ ,, Ѓорче Петров‘‘ , „Through practice to better skills“ во Романија

 

Групата од дваесет ученици и две професорки од СОУ „Ѓорче Петров“ се врати од Сату Маре, Романија, каде што во периодот од 14 ноември до 14 декември успешно го спроведе проектот ,, Through practice to better skills”. Тие беа многу љубезно и пријателски примени од домаќините во средното училиште „Елиса Замфиреску“. Организација на работните и забавно-рекреативните активности беше беспрекорна. Најпрво во училиштето се запознаа со домаќините и условите за работа кај нив. Притоа и двете страни извршија презентација на своите држави, градови и училишта во присуство на директорките, професорите, учениците, личности од градот поврзани со образованието и новинари. Групата беше примена и од градоначалникот на Сату Маре, кој поздравувајќи го проектот изрази желба за понатамошна соработка на ниво на училишта и општини. Учениците многу педантно и одговорно ги извршуваа сите работни задачи во училишните работилници под менторство на две професорки по практична настава од училиштето -домаќин. Тие беа многу задоволни и од работата во двете фабрики за производство на врвна женска конфекција. Таму секој беше распореден на работни задачи, кои му овозможија да се стекне и да ги развие вештините во практичното работење, почнувајќи од процесот на подготовка , преку кроењето, шиењето и доработката на конечните производи кои фабриките ги пласираат на германскиот и англискиот пазар. Менторите и претпоставените во фабриките беа презадоволни од односот, дисциплината и трудољубивоста на нашите ученици. Секој ден на нашите практиканти покрај со работа, беше исполнет и со забавно – рекреативни активности.Тие посетуваа кино престави, аквапарк, го разгледуваа градот и неговите знаменитости, а големо задоволство им беше опуштањето во Креативниот центар на Сату Маре каде што препуштајќо се на фантазијата и вештините изработуваа кукли, разни видови накит, украси… Викендите беа резервирани за посета на некој од околните градови: Орадеа – град со прекрасни фасади и музеј со восочни фигури, Клуж – универзитетски центар, град каде осетија и пробаа од романските традиционални сирења, козињаци, место кадешто на малите дрвени тезгички видоа рачно изработени предмети и украси со народни мотиви. Стариот рудник , сега туристичка атракција во близината на Клуж ги воодушеви сите со убавините што ги направила природата, но и човекот со својата упорност и визија. Искуството од виденото и од реализираната практичната настава ќе се искористи максимално. Вредностите и знаењата што ги понесоа со себе учениците ќе ги негуваат и пренесуваат на своите соученици и другари. Целото богатство од знаења, способности, искуства, пријателства сите учесници во проектот „Through practice to better skills“ го стекнаа благодарение на иницијативите и финансиската поддршка на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и програмата Еразмус +. Професорите од училиштето СОУ „Ѓорче Петров“, со поткрепа од директорот Дејан Димоски, се, и понатаму ќе бидат реализатори на проекти кои го збогатуваат младешкиот дух, ги зголемуваат знаењата и ги подобруваат вештините на учениците.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.