Втора награда за литературна творба за нашата ученичка Јуле Атанасовска
На Конкурсот објавен од НБРМ и Министерството за финансии на РМ, нашата ученичка Јуле Атанасовска од 3-2кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, доби Втора награда за поетска творба на тема „Јас умеам да штедам“.
Во петокот, на 25.11.2016г. во просториите на Министерството за финансии на РМ,
беа врачени наградите за најуспешните ликовни и литературни творби пријавени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија министерот за финансии Кирил Миноски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.
Конкурсот е наменет за деца и млади од основните и средните училишта во Република Македонија, на тема „И јас умеам да штедам“ и „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“. На конкурсот пристигнале 402 творби, а најдобрите 15 (6 литературни и 9 ликовни)добија дипломи и парични награди.
На нашата ученичка Јуле и честитаме за вредната награда и и посакуваме уште многу награди и постигнувања во животот.
Оваа награда е уште еден мотив плус за нашите ученици дека вреди да се посветат на пишаниот збор.