Посета на партнер училиштето од градот Вац, Унгарија


ВТОРА АЦЕС СРЕДБА

Посета на партнер училиштето од градот Вац, Унгарија

Во периодот од 16-19 март, група од четиринаесет ученици од I  до  IV година од СОУ „Ѓорче Петров“ под раководство на професорките Елизабета Милошеска – координатор на проектот и Елизабета Мицкоска, дел од тимот кој работи на реализација на активностите на темата солидарност, ја остварија втората средба на партнер училиштата како дел од проектот на АЦЕС. Овојпат средбата се одржа во  градот Вац, Унгарија.

Беше посетено Медицинското училиште каде што учениците низ работилници имаа можност да се запознаат со начинот на изведување на практичната настава на своите партнери.Беше посетено Медицинското училиште каде што учениците низ работилници имаа можност да се запознаат со начинот на изведување на практичната настава на своите партнери.Тимот од нашето училиште заедно со домаќините и со партнерите од градот Ниш, Србија беа срдечно пречекани и од страна на градоначалникот на Вац, којшто ни посака добредојде и ни ја раскажа историјата на прекрасниот град Вац.Сместени во семејства, учениците можеа одблиску да се запознаат со начинот на живот, храната, обичаите на нашите домаќини.Беа разгледани знаменитостите на градот Вац, но исто така и на Будимпешта.

DSCN5508 DSCN5499 DSCN5459

Како дел од активностите во рамките на АЦЕС проектот учениците – преставници од Македонија, Унгарија и Србија, сите заедно приредија концерт за штитениците на Домот за стари лица, во театарот во Вац. Беше прекрасно да се гледа како доаѓаа старите лица дури и во колички, но желни за радост.

DSCN5616 DSCN5626 DSCN5630 DSCN5642 DSCN5670 DSCN5677

Но задоволството беше огромно заради тоа што по завршувањето на концертот, забележавме дека  ги измамивме насмевките на старите и изнемоштени лица, со што ја оправдавме темата на проектот. На крајот сите беа поканети да одиграат едно македонско оро. Целта беше во потполност остварена и го потврди мотото на нашиот проект “Насмевката е најдобар подарок”.

DSCN5311

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>