Упис на ученици


МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 К О Н К У Р С

 

за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2016/2017 година во Република Македонија

 Скопје, март 2016 година

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/2011, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15 и 30/16), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08,

148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14 и145/15) и Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/14, 129/15 и 146/15), запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно информирање по предлог на основачот.

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2016/2017 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење), средно уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

 К О Н К У Р С

за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2016/2017 година

 во Република Македонија

 I . БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година според одредени наставни планови и програми ќе се запишат следниот број ученици:

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ  „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Здравствена струка – 136 ученици, 4 паралелки

 

- медицинска сестра мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 70 минимум поени
- фармацевтски лабораторски мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 минимум поени
техничар
- физиотерапевтски техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 минимум поени

 

Текстилно – кожарска струка – 34 ученици, 1 паралелка

– конфекциски техничар                         мак      34 уч.    1 пар.      4 г.тр.     45 минимум поени

Лични услуги – 68 ученици, 2 паралелки

- козметичар техничар мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
- фризер (реформиран мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
нaставен план и програми)

 

Шумарско – дрвопреработувачка струка - 68 ученици, 2 паралелки

- техничар за мебел и мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
Ентериер
- столар (реформиран мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
нaставен план и програми)

 

Геолошко – рударска и металуршка струка – 34 ученици, 1 паралелка

– геолошко – рударски техничар           мак       34 уч.    1 пар.      4 г.тр.     45 минимум поени

П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

 

1 2 3 4
Ред. Наставни предмети кои Наставни предмети кои се
бр. С Т Р У К А се задолжителни од значење за струката,
односно изборното подрачје
1. Земјоделско – ветеринарна мајчин и странски јазик - билогија, хемија
2. Шумарско – дрвопреработувачка мајчин и странски јазик - биологија, математика
3. Геолошко – рударска и мајчин и странски јазик - математика, физика
металуршка
4. Машинска мајчин и странски јазик - математика, физика
5. Електротехничка мајчин и странски јазик - математика, физика
6. Хемиско – технолошка мајчин и странски јазик - хемија, математика
7. Текстилно – кожарска мајчин и странски јазик - хемија, математика
8. Графичка мајчин и странски јазик - хемија, ликовно
9. Лични услуги мајчин и странски јазик - хемија, биологија
10. Градежно – геодетска мајчин и странски јазик - математика, физика
11. Здравствена мајчин и странски јазик - биологија, хемија
12. Сообраќајна мајчин и странски јазик - математика, физика
13. Угостителско – туристичка мајчин и странски јазик - биологија, географија
14. Економско- правна и трговска мајчин и странски јазик - математика, историја
Уметничко образование мајчин и странски јазик
- насока применета ликовна - ликовно образование,
уметност историја
- насока музичка уметност - музичко образование,
историја
- насока балетска уметност - музичко образование,
физичко образование
Гимназиско образование мајчин и странски јазик - математика, историја
Спортска гимназија мајчин и странски јазик - биологија,
физичко образование

* Мајчин јазик: македонски јазик, албански јазик, турски јазик и српски јазик

 УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2016/2017 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за спортската академија и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

Условите за запишување на учениците се:

  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години;
  • да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование: а) гимназиско образование; б) стручно образование и обука;

в) средно уметничко образование; г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;

да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Во средното уметничко образование може да се запишат и надарени ученици со незавршено основно образование по претходна писмена согласност од Министерството за образование и наука, со обврска паралелно да се здобијат со основно образование. Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на пречките во развојот.

Во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје ќе се запишат 20 ученици во трета година во програмата – Меѓународна матура.

Истурени паралелки во состав на јавните средни училишта има во: Општинско средно училиште „Ацо Русковски” – Берово во Пехчево, Центар за средно насочено образование „Здравко Чочковски” – Дебар во Могорче, Државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец” – Тетово во Струга, Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски” во Средно училиште на Град Скопје „8-ми Септември”, Државно средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски” – Скопје во Средно општинско училиште „Кузман Шапкарев” – Битола.

Паралелки во кои се реализира билингвална настава има во: Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Орце Николов” (една билингвална паралелка македонско – француска и три билингвални паралелки македонско – англиски), Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин” (една билингвална паралелка (македонско – француска), Средно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” – Неготино (една билингвална паралелка македонско  француска), Средно општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ” – Тетово (една билингвална паралелка македонско – француска и една билингвална паралелка албанско – француска), Средно општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев”- Куманово (една билингвална паралелка македонско – француска), Средно училиште на Град Скопје „Лазар Танев” (една билингвална паралелка македонско – француска), Средно општинско училиште „Гостивар”– Гостивар (една билингвална паралелка македонско – англиски и една билингвална паралелка албанско – англиски), Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Панче Арсoвски” (една билингвална паралелка македонско – англиски) и Средно општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито ” – Битола (една билингвална паралелка македонско – француска).

Паралелки во кои се изучува германски јазик со 6 часа неделен фонд има во Средно училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито”, Средно училиште на Град Скопје „Георги Димитров” и во Средно училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци”.

Истурени паралелки во состав на државното средно училиште Спортска академија има во:

  • СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал, ракомет и тенис;

СОУ Гимназија „Кочо Рацин” – Велес, фудбал и ракомет;

  • СОУ „Гостивар” – Гостивар, фудбал и ракомет;

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци, кошарка;

  • ОУТУ „Ванчо Питошевски” – Охрид, фудбал, ракомет и кошарка;
  • СОУ Гимназија „Мирче Ацев” – Прилеп, фудбал и ракомет;

СОУ „Никола Карев” – Струмица, фудбал и кошарка;

  • СОСУ„Моша Пијаде“ – Тетово, фудбал;

СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето). Учениците при пријавувањето во спортската академија треба да достават и потврда за

способности за спортски вештини за спортот за кој ученикот е проверуван.

За програмата за Меѓународна матура во Средното училиште на Град Скопје Гимназија „Јосип Броз Тито”, роковите за запишување, потребните документи и сите други потребни информации ќе бидат објавени на огласната табла на училиштето.

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 1 јули 2016 година, а резултатите ќе се објават на 2 јули 2016 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 4 јули 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2016 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2016 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2016 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31 август 2016 година.

Пријавувањето за програмата Меѓународна матура во Гимназијата “Јосип Броз Тито” се врши од 9 до 18 мај 2016 година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни критериуми.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување од јунскиот уписен рок, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата за второто пријавување во јунскиот уписен рок, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата за пријавувањето во августовскиот уписен рок, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени во споредба со второто пријавување во првиот уписен рок (односно најмногу до 10 поени за двата уписни рока), освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата во кои се реализира настава за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка кои не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс по двете пријавување од јунскиот уписен рок, потребно е до 8 јули 2016 година да достават до Министерството за образование и наука, барање за добивање согласност за намалување на поените заради пополнување на слободните места за августовскиот уписен рок.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување во јунскиот уписен рок и за вториот уписен рок да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши:

за јунскиот уписен рок, второ пријавување на 2 јули 2016 година.

  • за августовскиот уписен рок на 19 август 2016 година.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРНИ ОГЛАСИ

Јавните средни училишта интерните огласи ги објавуваат на јавно место во училиштето најдоцна до 22 април 2016 година, во рамките на вкупниот број на ученици и паралелки утврдени со овој Конкурс.

Министер за образование и наука