Ученик – Правобранител


На 22 октомври 2018г. заврши јавниот повик за пријавување кандидати за моделот Ученик – правобранител и негов Заменик, во нашето училиште.

На 23 октомври 2018г. беа разгледани приложените апликации од пријавените кандидати, од страна на Тимот за правата на детето на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, во состав: Снежана Милошеска – педагог, Билјана Тинтоска – наставник, Слободан Петкоски – наставник и Филип Иваноски – Заменик на Детето – правобранител.

Тимот одлучи за Ученик – правобранител да ја избере Матеа Поповска од 2-8кл. а за нејзин заменик – Давор Петровиќ од 2-3кл.

Имено, моделот Ученик – правобранител во нашето училиште постои и функционира од 2011г. и Матеа е четврт по ред носител на оваа функција. Прв Ученик – правобранител во нашето училиште беше Борјан Јованоски, па Андреј Ристески и како трета – Тамара Тодороска. Мандатот на двете функции е две години.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>