На повик на Градоначалникот на општина Прилеп Г-дин Марјан Ристески, учениците кои се дел од проектот „Care and knowledge alliance“ или „Грижа и знаење“ преку програмата Еразмус плус, заедно со своите родители и Директорот Дејан Димоски беа на средба во локалната самоуправа. На средбата Градоначалникот им посака да имаат пријатен престој во престонината на Шпанија – Мадрид, со надеж дека стекнатите вештини ќе бидат пренесени и на останатите соученици,а ќе им послужат во струката за која се определиле-здравствената струка.
Девет ученици од средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ ќе присуствуваат 15 дена во Шпанија каде ќе работат на проектот „Care and knowledge alliance“ или „Грижа и знаење“ преку програмата Еразмус плус. Учениците аплицирале на проектот за грижа и знаење на стари лица.