Твоја Европа Твој Глас


На 10.02.2023 нашето училиште го посети претставникот на Европската комисија Sibian Ionuţ, кој одржа презентацијата а потоа имаше и кратка дебата со присутните ученици поврзана со младинското учество во демократските процеси. Целта на посетата беше подетално да ги запознае учениците што ќе учествуваат на настанот “Твоја Европа Твој Глас”, 2023 со темата и да им даде напатствија и практични совети за претстојниот настан кој ќе се одржи на 23ти и 24ти март, 2023 во Брисел, Белгија. Имено, секоја година на настанот учествува по едно училиште од секоја земја членка на ЕУ, но и од земјите кандидати за членство во ЕУ. Оваа година чест да учествува на овој настан од нашата земја ја има нашето училиште кое ќе биде претставувано од тројца ученици и еден професор.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.