Театарска вечер


Младинската организација и Дете праобранител на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп

На 15 декември 2017г. во 20 часот

Организира ревијална

ТЕАТАРСКА ВЕЧЕР

Со цел да се развие културно-уметничкиот живот кај младите луѓе како и негување на театарот во Прилеп, Училишната организација од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, со поддршка на Коалицијата на младински организации СЕГА, организира Театарска вечер, на која ве поканува да учествувате со Вашата Драмска секција. Ревијалната Театарска вечер ќе биде со хуманитарен карактер, за поддршка на семејството Стеваноски, на кое му е потребна финансиска помош. Билетите ќе чинат 50 денари. Настанот ќе се одржи во Големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“ Прилеп.

Драмските претстави не треба да бидат подолги од 20 минути и не смеат да содржат вулгарности, навредливи зборови и содржини.

Учеството треба да се потврди најдоцна до 04 декември 2017г., кај лицето за контакт – Ева Андоноска, на тел. 072 231 627 или на следната мејл адреса: biljanatintoska@gmail.com

Покрај информации за творбата, учесниците да достават податоци од кое училиште доаѓаат, телефон за контакт и име на менторот.

Затерминот за проба и други детали ќе бидете дополнително известени по телефон.

Ви благодариме на учеството!

Прилеп, 29.11.2017г.                               Младинска организација и

                                                                    Дете – правобранител на 

                                                                  СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

Драмска секција

на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

 

teatarskavecher

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.