По повод месецот за грижа на старите лица, во посета на штитениците од старскиот дом Киро Крстески – Платник беа учениците од СОУ Ѓорче Петров III – 2 клас здравствена струка (медицинска сестра) како и членовите на драмската секција.
Идните медицински сестри на старите лица им го мереа крвниот пристисок, а актерите од драмската секција ги забавуваа со изведба на 2 драмски скеча.