Рецитаторски Натпревар


На 10.12.2015г. во просториите на нашата училишна библиотека се одржа вториот по ред Рецитаторски натпревар на средните училишта од Прилеп во чест на св. Климент Охридски – основоположникот на словенската писменост, култура, јазик и литература во Македонија, првиот словенски писател и најистакнатиот ученик на Св. Кирил и Методиј. На натпреварот се претставија ученици од средните училишта од нашиот град со песни кои ги подготвиле со своите професори – ментори. Учесниците им зададоа тешка задача на членовите на жири – комисијата. А нам, на присутните ни ги разнежнија срцата со прекрасните изведби на стихови од познати поети. Честитки за сите учесници!!! Оваа рецитаторска вечер беше збогатена и со претставата „Игра со натемаго“ во изведба на Драмската секција на нашето училиште и со музичките изведби на нашите ученици. Им благодариме за прекрасно поминатите мигови со нивните изведби!!!

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *