Работен летен распуст


 Благодарение на неколку инвестициони зафати кои се изведуваа во текот на летниот распуст, но и на  перманентната работа за разубавување и подобрувањето на функционалноста, нашето училиште СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ во новата учебна 2017/2018 година ќе ги дочека своите  ученици, вработени, гости, пријатели со освежен изглед.
    Гордост е ходникот којшто  блесна украсен  со мермерните плочки, донација од фирмите за експлоатација и обработка на мермер од градот и тоа Мермерен комбинат и  Крин производство. Фирмата  Крин КГ претходно донираше плочки за покривање на терасниот под.
  Периодот на распуст се искористи и за прилагодувањето на една од просториите во училиштето во кабинет за здравствената струка и за предметот Биологија. Работите на  новиот кабинет се изведуваат со средства од донацијата која СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ ја доби од  Германската амбасада. 
    Во интерес на хигиената и здравјето на нашите ученици направена е промена на вратите од санитарните јазли, а во тек е работа на нивно поплочување.
   Овие активности се дел од планираните. Со ангажираност на директорот Дејан Димоски и вработените и со помошта од локалната самоуправа  и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ како стручно училиште со повеќе атрактивни образовни профили и занимања што се актуелни на пазарот на трудот, а оттука и кај учениците, во иднина ќе добие нова термоизолациона фасада, а ќе бидат комплетно доуредени и работилниците  во дворот.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>