Промоција на текстилен сектор


Во, петокот, 21.11.2014, во просториите на конфекцијата ,,Кули” се оствари средба помеѓу претставници од Министерството за економија, текстилниот кластер на Р.Македонија, конфекцијата-домаќин, директорот на СОУ,,Ѓорче Петров”- Дејан Димоски, професори и учениците од профилот-конфекциски техничари. Средбата беше реализирана со намера да се изврши позитивна промоција на текстилниот сектор и да се запознаат сите субјекти со условите за работа во текстилните компании.

kuli1
Текстилната индустрија е индустриска гранка со најголем број на вработени. Конфекциите во Р.Македонија имаат постојана потреба од обучен,стручен кадар кој ќе го познава процесот на работа, управувањето со машините, квалитетот на материјалите, новите информатички софтвери кои се применуваат во современите конфекции.
Да се развива љубопитноста и стручноста кај учениците, да се создаваат добри услови за работење и усовршување на вработените, да се јакне соработката меѓу сите фактори кои ќе го зајакнат достоинството на текстилната индустрија е крајна цел на оваа средба, но и на слични кои би се случиле во иднина.

kuli5
« of 6 »

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.