Практичната настава и нејзините резултати низ призмата на учениците.


Учество на работната средба на учениците од трета година, од образовниот профил фармацевтско лабораториски техничар, на тема „Практичната настава praksa_tribina2
и нејзините резултати низ призмата на учениците.“
На ден 12.12.2014г. во просториите на градската библиотека “Борка Талески” – Прилеп,се одржа работна средба на ученици од сите средни
стручни училишта, на тема „Практичната настава и нејзините резултатиниз призмата на учениците.“praksa_tribina3
На оваа средба присуствуваа и учениците од трета година од образовниот профил фармацевтски лабораториски техничар, кои дадоа свои мислења за практичната настава во и надвор од училиштето. Ученичката Барбара Грујоска имаше свое излагање запрактичната настава,условите во кои таа се изведува во училиштето, а исто така и за соработката со приватните аптеки, кои учениците ги посетуваат за време на феријалната пракса, какои за време на практичната настава.
Меѓу другото ученичката истакна дека условите во кои се изведува praksa_tribina4
практичната настава во училишната лабораторија овозможуваат учениците да можат практично да ги применуваат вежбите, подготвувајќи разни раствори, испитување на степенот на чистота на соединенијата, нивната идентификација,како и изработувајќи препарти коишто можат да се употребуваат секојдневно.
Посетата на приватните аптеки од друга страна им овозможува на учениците да се сретнат со издавање на лекови коишто одат на рецепт т.е. ги покрива Фондот за здравстевено осигурување и лекови кои што неодат на рецепт, ОТЦ препарати, козметички препарати, комуникација со пациентот и слично.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>