По повод Неделата за грижа за страрите и изнемоштени лица, нашето училиште, традиционално го посети Домот. Членовите на Драмската секција под менторство на проф. Билјана Тинтоска изведоа една ведра престава и измамија насмевки на лицата на питомците на Домот. Нашите ученици се претставија и со музички точки.Учениците од 3-2 клас под менторство на инструкторките Ленче Јованоска, Наташа Ванчева и Валентина Дамеска, изведоа мерење притисок и други здравствени услуги на жителите на Домот. Посебна благодарност до нашите ученици за нивната несебочна ангажираност и до Домот, за убавиот дочек!!!