Осмомартовски панаѓур

На денот на жената -8 Март, во СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ традиционално се одржа панаѓур каде што учениците од текстилно-кожарската струка ги презентираа и продаваа своите производи: марами, навлаки за перници, чаршави, фаќалки, привезоци..    Панаѓурот беше можност учениците да добијат позитивна потврда за  својот труд, но и да ги  развијат и менаџерските и комуникациските способности.

2

28795873_1641014279300652_8038988921062455532_n

Дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава

Моделот Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“, претставен од Тамара Тодороска во функција на Дете-правобранител и двајцата Заменици: Ева Димеска и Филип Иваноски, во просториите на училишната библиотека, на ден 05.03.2018г. организираа дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава. На дебатата зедоа учество ученици од втора, трета и четврта година, […]


По повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик

И оваа година, по повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик, се оствари повеќегодишната традиционална литературна соработка меѓу СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп и Младински информативен и советодавен центар на Коалиција на младински организации СЕГА. На Конкурсот насловен како „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“ зедоа учество 17 ученици од нашето училиште. На ден […]

1

1.

Примопредавање на имплементиран проект со Германска амбасада

   На 21.06.2017 г-ѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, г-дин Дејан Димоски, директор на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Прилеп и господин Валентин Црвенкоски, претседател на Здружението на граѓани „Јасна иднина“ од Небрегово-Долнени, потпишаа договор за донација со вкупна вредност од 3.894,- евра.   Ова средно училиште образува кадри од повеќе […]


Конкурс „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“

Младинскиот Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ од Прилеп во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, по повод 21ви февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, објавува конкурс за литературни дела на слободна тема на кој можете да учествувате со вашиот есеј, расказ, драма, поема и било кој вид на литературна творба.   Право на учество имаат сите ученици […]


erasmus

Апликација за втората мобилност од проектот Practice Maces Professionals

Во периодот од 25 фебруари до 18 март 2018 година, во Софија, Бугарија, ќе се реализира втората мобилност од проектот на програмата Еразмус +, Practice Makes Professionals.  За учество можат да се пријават ученици од втора, трета и четврта година од струката лични услуги- фризери и козметичари.После крајниот рок за пријавување (31.01.2018 г.),  ќе бидат […]


Предновогодишен панаѓур

Креативноста, вештината, дизајнерските идеи, учениците -конфекционери и членови на текстилната секција ги покажаа на традиционалниот панаѓур, дополнувајќи го на тој начин предновогодишниот амбиент во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘.

fair (7)

proekterazmus2

Проект Practice Makes Professionals од програмата Еразмус +

Проект  Practice Makes Professionals од програмата  Еразмус +  на Европската комисија при Советот на Европа   Во периодот од 11.11.2017 до 19.11.2017 во Барселона, Шпанија, се одржа првата обука за наставници од проектот Practice Makes Professionals. Претставници од нашето училиште беа кординаторот на проектот  Билјана Рошкоска и проф. Благица Тренчевска, додека втората обука од истиот […]


Најбезбедно и најчисто училиште

Врз основа на објавениот Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште“ објавен од Министерството за образование и наука бр.12-13963/1 од 05.10.2016 година СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп го освои првото место. Целта министерството за образование и наука беше зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, а во конкуренција од седум (7) средни училишта нашето училиште […]

26102171_10211558044246487_1621004520_o

Прва и втора награда за наши ученички

На Конкурсот што секоја година во ова време, традиционално, го објавува Здружението на литературни творци од Прилеп, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп доби две наградени ученички. Имено, во категоријата  Проза, за ученици од средно образоване, нашата ученичка Ивана Настеска од 2-1кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, ја освои Првата награда. Во категоријатата Поезија, за ученици од […]