Општински натпревар по Англиски јазик


На 18.03.2017 година во просториите на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, во организација на ELTAM (Ацосијацијата на наставници по англиски јазик на Мaкедонија), се одржа натпревар по англиски јазик за основно и средно образование за општините Прилеп, Македонски Брод, Крушево, Кичево, Кривогаштани и Долнени.

Од средните училишта учествуваа натпреварувачи од општините Прилеп и Кичево, се натпреваруваа вкупно 22 ученици.
Претставници од нашето училиште беа учениците:
Иво Талески
Бошко Бошев и
Валерија Чавлеска

Учениците Иво Талески и Бошко Бошев го поделија третото место со што се стекнаа со право на учество на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 08.04.2017.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.