По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


На 22 февруари 2017г. во просториите на училишната библиотека, се одржа традиционалната манифестација посветена на Денот на мајчиниот јазик. На литературниот конкурс, организиран од НВО СЕГА, а за учениците на СОУ„ЃорчеПетров“ Прилеп, на тема: „Ајде да твориме на мајчин јазик“, зедоа учество повеќе наши млади творци. Првата награда и припадна на Ивана Настеска од 1-1кл. за расказот „Сиромаштијата не е пречка да бидам среќна“.Ментор: Билјана Тинтоска. Втората награда и припадна на Ангела Римческа од 1-2кл., за есејот „Моќта на волшебните зборови“,под менторство на Жанета Видевска. Третата награда ја доби Николче Мојсоски од 2-2кл. за песната „Бескрајност“.Ментор: Лидија Ристеска. Им честитаме на наградените и им посакуваме многу успеси. А нашите ученици ги поттикнуваме на нови учества. Нашата манифестација беше збогатена со присуството на гости од Франција, Баптист Арнауд и Мејди Шарвет, кои прочитаа дела на својот мајчин јазик. А нашата млада и надежна поетеса, Јуле Атанасовска од 3-2кл., под менторство на проф. Билјана Тинтоска, ја претстави својата поезија. И посакуваме блескава поетска кариера. На нашите организатори им благодариме за довербата и поддршката.

Од сите испратени литературни творби кои учествуваа на овој конкурс ќе биде направена оnlineзбирка  и истата ќе биде поставена на веб страните на ИНФО СЕГА и на веб страната на училиштето.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>