Упис на ученици


К О Н К У Р С

за запишување ученици СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп за учебната 2017/2018 година.

Во прва година ќе се запишат 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

 Здравствена струка –136 ученици, 4 паралелки

-медицинска сестра, на македонски јазик, 68 ученици, 2 паралелки, 4 годишно траење, 70 минимум поени

-фармацевтски лабораториски Техничар мак.34 уч.1 пар.4 г.тр.70 минимум поени

-физиотерапевтски техничар мак.34 уч.1 пар.4 г.тр.70 минимум поени

 Текстилно-кожарска струка -34 ученици, 1 паралелка

-конфекциски техничар мак.34 уч.1 пар.4 г.тр.45минимум поени

Шумарско-дрвопреработувачка струка -68 ученици, 2 паралелки

-техничар за мебел и ентериер мак.34 уч.1 пар.4 г.тр.45 минимум поени

-столар мак.34 уч.1 пар.3 г.тр.30 минимум поени

Геолошко -рударска и металуршка струка -34 ученици, 1 паралелка

-геолошко -рударски техничар мак.34уч.1 пар.4 г.тр.45 минимум поени

Лични услуги -68 ученици, 2 паралелки

-козметички техничар мак.34 уч.1 пар.4 г.тр.45 минимум поени

-фризер мак.34 уч.1 пар.3 г.тр.30 минимум поени

Погоре во описот е дадено: наставен јазик, број на ученици, број на паралелки, времетраење на наставата, минималниот број на потребни поени за упис

 П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

 

Струка Наставни предмети кои се задолжителни Наставни предмети кои се од значење на струката
Здравствена Мајчин и странски јазик Биологија, хемија
Шумарско-дрвопреработувачка Мајчин и странски јазик Биологија, математика
Геолошко-рударска и металуршка Мајчин и странски јазик Математика, физика
Текстилно-кожарска Мајчин и странски јазик Хемија, математика
Лични услуги Мајчин и странски јазик Хемија, биологија

 

 УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците СОУ „Ѓорче Петров“-Прилепво учебната 2017/2018 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование и Законот за стручно образование и обука и конкурсот од Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.

Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Условите за запишување на учениците се:

-да имаат завршено основно образование;

-да не се постари од 17 години;

-да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;

-да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

-пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна);

-оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

-извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето  и  запишувањето  на  учениците  се  врши  во  два  уписни  рока,  јунски  и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017година.

Квалификационото тестирање (доколку има потреба) ќе се организира во училиштето на 3 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават на 4 јули 2017 година. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 година.

Доколку училиштето во двата уписни рока не ги потполни утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс, продолжува со запишување на учениците до 31 август 2017 година, освен ЗДРАВСТВЕНАТА СТРУКА.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

−среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

−среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

−дипломи од освоени (I,  II и III)  места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

−средна вредност од поени добиени за поведение;

 

Доколку се пријават поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети  задолжително  за  сите  видови  образование  и  два  предмети  што  се  значајни  за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За  освоено  место  од  меѓународни  и  републички  натпревари  ученикот  може  да  добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари: 3 поени за     I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 2 поени. (Примерно поведение се вреднува со 2 поени, добро поведение се вреднува со 1 поен и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 77 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување од јунскиот уписен рок, се составен дел на овој Конкурс.

Од СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп  за  второто  пријавување  во  јунскиот  уписен  рок,  можат  да  го  намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени, освен за ЗДРАВСТВЕНАТА СТРУКА

Од СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп за  пријавувањето  во  августовскиот  уписен  рок,  можат  да  го  намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот, за најмногу 5 поени во споредба со второто пријавување во првиот уписен рок (односно најмногу до 10 поени за двата уписни рока), освен за ЗДРАВСТВЕНАТА СТРУКА

Од СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп  со интерен оглас за второто пријавување во јунскиот уписен рок и за вториот уписен рок ќе  го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма.

Објавувањето на минимумот поени ќе се изврши:

-за јунскиот уписен рок, второ пријавување на 4 јули 2017 година.

-за августовскиот уписен рок на 21 август 2017 година.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за изборна ученици дадени погоре.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.