“ICT tools” проект


Изминатата година СОУ Ѓорче Петров беше дел од проектот “ICT Tools” the Most Effective Ways to Learn a Foreign Language‘‘,во кој покрај нашето училиште беа вклучени и партнери од Италија,Финска,Турција,Шпанија . Овој проект ќе продолжи и оваа година, но со изменет тек. Имено ,дел од активностите почнаа да се работат онлајн се со цел да се реализира поголем број на активности.Состаноците се одржуваат онлајн на некоја од интернет мрежите . Во фаза е изработка на еден вид водич за ИКТ алатки ,кој би нашол примена на часовите ,посебно на часовите по странски јазик.За време на состанокот во Италија,кој беше одржан во Ноември 2019 беа дадени насоките за секој партнер.

Главни цели на овај проект се: – зголемена мотивацијата на учениците и наставниците преку употреба на ИКТ алатки на часовите – лекциите да се направат попријатни и поинтересни со алатките за ИКТ -да се зголеми интересот на наставниците да користат нови техники и методи во своите училници -да се поттикнат студентите да уживаат во англискиот јазик со алатките за ИКТ -да се поттикнат учениците и наставниците ефикасно да ги користат ИКТ алатките во нивните училници -развивање ИКТ вештините на наставниците . -развување меѓународна соработка помеѓу европските училишта -Наставниците да научат да дизајнираат свои алатки за ИКТ. – Споделување на професионални искуства на наставниците со сите партнери По завршувањето на проектот,активностите ќе бидат споделени и презентирани од страна на секој партнер во својата држава,град. Овај проект е финасиран од Италијанската Национална агенција во рамките на Програмата Еразмус +.Овој проект ќе продолжи и оваа година, но поради пандемијата со Ковид 19 , ќе оди со изменет тек.

https://create.piktochart.com/output/49083538-ict-tools-brochure?fbclid=IwAR2_H9KkofHt0mXa-SUkIZhDvMU2AoEYi35pRsJbYmVDk3xjY1u01UtmCgI

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.