Halloween


Buble, bubble I`’m in trouble беше паролата на 01.Ноември кога во нашето училиште професорката по Англиски јазик Емилија Ѓорѓиева Велкоски во присуство на психологот Лидија Алекоска заедно со учениците од 4-7 и 4-8 клас нè доближија до Ноќта на Вештерките правејќи маскембал исполнет со игри, смеа и гледање на филмот Hocus-Pocus од 1993 година.

Целта на настанот беше да се претстави традицијата на една друга нација, кутура и држава.

„Ноќта на Вештерките“ или на Англиски јазик Halloween го направивме не за да го наметнеме како традиција, туку учениците да се запознаат и со други традиции ширум светот како: Англија, Ирска, Америка и дел од Европските држави.

Денот т.е. Ноќта на вештерките се одбележува со носење на различни костими со што се верува дека на тој начин на самата ноќ на 31 Октомври па се до утрото на 1 Ноември така преправени ги бркаат лошите духови па и лошата енергија секаде каде што ќе се појават маскирани пропратено со trick or treat односно дечињата одат од куќа на куќа преправени и од сопствениците бараат да им се изведи трик или да ги почестат со бомбони, чоколади и карамелизирани јаболка.                                                                                Учениците го поистоветуваа Halloween со нашата Прочка, односно дека е ист но сепак различен и дека се задоволни и среќни од приликата да видат, учествуваат и почувствуваат еден мал дел од другите државни традиции во ова време на пандемија.

Нашата цел како едукатори сепак е во текот на едукацијата учениците да се среќни и да се наоѓаат во опуштена и релаксирана средина – рече професорката по Англиски јазик Емилија Ѓорѓиева Велкоски.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.