First Aid


На 30 и 31.03.2023 г. СОУ„Ѓорче Петров“ како партнерско училиште во Еразмус проектот „First aid worldwide“ беше домаќин на четвртиот и завршен транснационален состанок.
На состанокот учесниците направија анализа на спроведените проектни активности , ги презентираа досегашните дисеминации, дискутираа за крајниот производ од проектот-онлајн Прирачникот за прва помош.
Гостите од Србија, Турција, Шпанија и Португалија го разгледаа нашето училиште, прошетаа низ центарот на Прилеп, видоа дел од старата чаршија и културно-историските споменици, а рамноушни не ги остави и традиционалната македонска храна.
Охрид беше цел на посета вториот ден од престојот во Македонија. Градот, езерото, изобилството убавини со кои природата го обдарила овој предел, ги воодушеви сите.
Координатор на овој проект е професорката Билјана Тошеска.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.