“First Aid Worldwide”  Во Крагуевац


“First Aid Worldwide” е Еразмус+ проект одобрен и реализиран како партнерство формирано од пет средни стручни училишта од Србија, Португалија, Шпанија, Турција и Македонија. Крајна цел на проектот е изработка на Прирачник за Прва помош на јазиците од проктните партнери кој ќе биде употребуван за едукација на учениците, но ќе најде примена и во други области од професионалното и секојдневното живеење и работење. 

Плановите од проектот во голем дел се остварија со одржаните состаноци во Турција, Шпанија, Португалија, а средното медицинско училиште „Сестре Нинковиќ“ од Крагуевац, Србија кое е координатор, беше два пати домаќин на состаноците на  проектните партнери. 

Претставници од СОУ ,,Ѓорче Петров’’, Прилеп на состанокот и средбата во Крагуевац беа професорите Жанета Видевска (во периодот од 1-3.02.2022 г.), Галена Дулеска и Петар Аризанкоски (25-27.05.2022г.) 

На состанокот во фебруари одржан во просториите на Средното медицинско училиште „Сестре Нинковиќ“ од Крагуевац беа презентирани видео снимки со активности од примена на прва помош на терен во изведба на ученици од здравствената струка од училиштето домаќин „Сестре Нинковиќ“ – Крагуевац, а и резултатите од истражувањата на сите училишта коишто учествуваат во проектот. На состанокот се разговараше за  формата и содржината на онлајн-прирачникот што треба да биде заеднички издаден. Задача на учесниците од СОУ „Ѓорче Петров“ е истражување и примена на вештачки и/или природни материјали за шминкање на различни видови повреди и изработка на пишани и видео материјали кои ќе влезат во склоп на Прирачникот. Ова во изјава за српската телевизија го кажа и професорката Жанета Видевска. 

Во мај, повторно во Крагуевац се одржа средба чија цел беше пред сите партнери да се презентира онлајн прирачникот, сите заедно да дадат завршни сугестии за да се добие квалитетен продукт и да се постигне договор за процесот на дисеминација на Прирачникот кого Медицинското училиште од Крагуевац заедно со останатите медицински училишта партнери го креираше. Со своето присуство и нашите професори Галена Дулевска и Петар Аризанкоски дадоа придонес во овој дел од проектните активности.   

И на двете средби се остварија контакти со колеги, се разменија искуства за реализацијата на наставата, а се видоа и условите за работа во училиштето домаќин. Низ дружење се зближија различните култури, а гостите ги разгледаа значајните знаменитости во Крагуевац и околината.  

Координатор на овој проект за СОУ ,,Ѓорче Петров’’ е професорката Билјана Тошеска 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.