Practice makes professionals


Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност одобри нов проект за СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ насловен како ,,Practice makes professionals‘‘.
Проектот опфаќа две мобилности за ученици и две обуки за професори. Според координаторот професорката Билјана Рошкоска, основна цел е учениците во тие активности да ги потврдат веќе стекнатите знаења и практични вештини низ образовниот процес во училиштето, но и да стекнат нови, кои по враќањето ќе ги пренесат на соучениците. Професорите пак ќе можат да ги надополнат своите професионални портфолија со нови искуства и методи за наставна работа во Мадрид и Барселона. Мобилностите со ученици ќе се реализираат со по десет ученици од здравствената струка во Шпанија и со десет ученици од струката лични услуги во Бугарија.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>